Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Во последното деноноќие пожари во Скопскиот регион и општина Радовиш

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано два пожари на отворено, до утрово: еден во Скопскиот регион и еден во општина Радовиш каде што пожарникарите гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Покрајчево на површина околу 15 хектари.

ЦУК апелира дека треба да се избегнува палење оган на отворено, заради тоа што вегетцијата е се уште многу сува, врнежите беа мали и и температурите преку ден се во покачување.

Истовремено, се апелира итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на 112 во ЦУК, во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата, додаваат од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК