Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од возило за дистрибуција на цигари украл 179 кутии: приведен маж од Струмица

Вчера, во 16.20 часот, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г. П. (41) од Струмица.

Тој се сомничи дека претходно во Струмица од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари.

Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Г. П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК