Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен 23-годишник од Гевгелија, криумчарел мигранти

Вчера вечер во 19.50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода 23-годишниот Д.С. од Гевгелија, извести МВР.

– При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК