Centar.mk
ЛОКАЛНО

Неколку скопски општини денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

Во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Мирослав Крлежа и Никола Тримпаре во општина Центар ќе останат без струја.

Електрична енергија ќе немаат и корисниците од улиците Јуриј Гагарин и Васил Ѓорѓов во општина Карпош и Центар, во периодот од 09.00 до 11.00 часот.

Како што извести ЕВН, во периодот од 09.00 до 10.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Воин Драшкович, Исаија Мажовски, Ибе Паликуќа во општина Ѓорче Петров, во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на улиците Атинска, Ристо Равановски, Борка Талевски во општина Карпош, во периодот од 08.05 до 15.00 часот, корисниците од село Мршевци, Бучинци, Грушино, Бујковци во општина Илинден и Арачиново, а во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Бојане во општина Сарај.

Можеби ќе ве интересира

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК

51 тоалет ќе се реконструира во ОУ „Коле Канински“, современи стандарди за хигиената во училиштето

ДЕСК