Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ја зголемивме просечната пензија за 40% во споредба со ДПМНЕ, велат од СДСМ

-СДСМ во континуитет се грижи за сите граѓани, пред се за пензионерите, за да обезбеди достоен и пристоен живот за секој пензионер. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 проценти, во споредба со ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

„Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.

Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари.

Со воспоставената методологија за усогласување на пензиите, покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, туку ќе се усогласува на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на обезбедување пристојни пензионерски денови за нашите повозрасни граѓани, особено во ова време на глобална економска и енергетска криза.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК