Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автобус на ЈСП се судри со „бмв“: тешко повредена 33-годишна жена од Кочани

Синоќа, во 23.50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од булеварот АСНОМ со сервисна улица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Ј. (29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С. Б. (33) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката од патничкото возило, С. М. (33) од Кочани, а телесни повреди добиле двајцата возачи, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК