Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски на ФБ: Искрена благодарност до Црвениот крст за укажаното признание за соработката и поддршката при организацијата и учеството во спроведувањето на вежбата на Црвен крст „Хуманитарен Одговор 2023“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски искажа искрена благодарност во свое и во име на МВР до Црвениот крст на Република Северна Македонија за укажаното признание за соработката и поддршката при организацијата и учеството во спроведувањето на вежбата на Црвен крст „Хуманитарен Одговор 2023“.

„Искрена благодарност во свое и во име на МВР до Црвениот крст на Република Северна Македонија за укажаното признание за соработката и поддршката при организацијата и учеството во спроведувањето на вежбата на Црвен крст „Хуманитарен Одговор 2023“.

Упатени сме кон уште подобра координација и комуникација со граѓанскиот сектор, кон зголемување на постојниот капацитет и негово инкорпорирање во еден поширок систем на делување при итни ситуации, како своевидна есенцијална алка на тој систем. Уште еднаш можам слободно да констатирам, врз основа на искуствата од досегашната соработка на МВР, како едно од алките во ланецот на институционално делување во областа на безбеденоста со Црвениот крст, дека ние веќе имаме исклучителни предуслови за натамошно уште поквалитетно и поефикасно заедничко делување.

Продолжуваме со отвореноста и партнерството!“ – напиша Спасовски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +