17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Вчера пожарникарите и пилотите гаснеа 39 пожари, еден се уште е активен

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 39 пожари вкупно на отворен простор и 38 изгаснале, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК).

Како што извести ЦУК, утрово активен се уште е еден пожар, во Општина Македонски Брод, во пределот над село Белица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.

При вчерашните 39 пожари, на територијата на целата држава, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и квалитетна борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци и слично.

„Еден од посериозните пожари на отворено беше меѓу Лозово, Велес и Свети Николе, заради што, уште вчера рано утрото, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ангажираше и воздухоплови, при координацијата на барање на градоначалникот на Лозово. На теренот дуваше силен ветер заради што храбрите пожарникарските тимови од три страни – општини, со пожарот се бореа со воздухопловна поддршка од еден хеликоптер на МВР и два авиона на ДЗС што Ангелов ги упати да гаснат запалена квалитетна борова шума. Дежурните противпожарни тимови, заради метеоролошките ветровити услови и природата на вегетацијата, дури и после локализирањето на пожарот, во текот на ноќта до утрото, догасувале на местата каде што ќе се појавело жариште“, соопшти ЦУК.

Најголема бројка пожари имало во Општина Куманово: 13 вкупно и сите се изгаснати.

Изгаснатите 38 пожари од 39-те вчерашни, во државата, биле во:
– Општина Арачиново, кај село Арачиново (каде што гореле отпадоци и сува трева);
– Општина Бутел, кај хотелот „Њу Стар“, село Визбегово (депонија);
– Општина Гази Баба, три пожари, село Трубарево (сува трева), ппокрај автопат Скопје – Велес (сува трева) и Депонија Вардариште (ѓубре);
– Општина Сарај, два кај село Кондово (мешана шума, грмушки и трева) и повторно кај село Кондово (шума);
– Општина Илинден, два, село Ајватовци (сува трева) и село Бучинци (стрниште);
– Општина Ѓорче Петров, кај Обиколница Волково (сува трева);
– Општина Студеничани, село Драчевица (мешана шума);
– Општина Струмица, село Баница (ѓубре);
– Општина Босилово, меѓу село Петралинци и село Ѓечерлија (лозје и необработливо земјоделско земјиште);
– Општина Василево, село Добрашинци (капини);
– Општина Радовиш, село Воиславци (ореви, капини и сува трева);
– Општина Охрид, село Косел (ѓубре);
– Општина Велес и Лозово, на просторот меѓу село Иванковци, село Мамутчево и село Милино (сува трева, трње, стрниште и борова шума);
– Општина Лозово, село Каратманово – село Милино (борова шума);
– Општина Свети Николе, село Немањици (стрниште и сува трева);
– Општина Кавадарци: село Сирково (сува трева);
– Општина Кочани, три, кај село Чифлик, село Теранци и кај село Борилчево (сите стрништа и сува трева);
– Општина Куманово, 13 пожари, кај село Шупли Камен (сува трева) населба „Карпош“ (сува трева), село Тромеѓа (сува трева), село Пчиња (стрниште и сува трева), село Љубодраг – село Романовце (стрниште и сува трева), село Шупли Камен – село Клечовце (сува трева), Амбар Маало (стрниште и сува трева), село Агино Село (сува трева), село Романовце (стрниште), кај Спомен Костурница (стрниште и сува трева), Авто сервис „Висто“ (сува трева); покрај улица „Јоско Илиевски“ (сува трева) и кај село Пчиња (стрниште).
– Општина Липково, село Никуштак (стрниште и сува трева) и во
– Општина Старо Нагоричане, село Старо Нагоричане (нискостеблеста шума, стрниште и сува трева).