Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Битола

Вчера попладне, во 17.47 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата Партизанска во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П. К. од Битола, и патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Н. У. од Битола, извести МВР.

„Во несреќата тешки телесни повреди добил Г. У. (57) од Битола, сопатник во возилото „мерцедес“, а телесни повреди добиле возачот П. К. и сопатникот во неговото возило, С. К. (21, од с. Велгошти, Охридско“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК