Фејсбук статус на Бисера Костадиновска, министерка за култура:
Има огромна разлика меѓу почитта која македонската влада ја оддава кон великаните и промоторите на македонскиот јазик и оспорувањата на нивните дела пласирани од опозицијата.
Македонскиот џин, кодификаторот на македонскиот јазик, основачот на Филолошкиот факултет, на МАНУ и основоположникот на македонската современа поезија, за нас секогаш бил и ќе биде македонски великан.
Блаже Конески.
Тие го оспоруваа, го нарекуваа „џуџето од Небрегово“.
Додека тие оспоруваат и понижуваат, ние ја промовиравме македонската култура пред УНЕСКО.
Затоа УНЕСКО ги славеше годишнините од раѓањата на Конески и Шопов како дел од светското културно наследство.
Додека тие го блокираат новиот Закон за македонски јазик, ние го ставивме во редот на рамноправните европски и светски јазици и во идентитетската карта на Обединетите Нации и во редот на еднаквите европски јазици.
Ќе останеме горди, силни и нескршливи пред сите злонамерници за да се види колку се ништожни бесрамните чинови на порекнување на големите македонски дела и големите македонски дејци.
Ќе бидеме громогласни како што беа громогласни и нашите претходници, афирматори и заштитници на македонскиот идентитет.