Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ после средбата со Вархеји: 2030 е амбициозен но достижен датум, заеднички работиме на таа цел

Маричиќ после средбата со Вархеји: 2030 е амбициозен но достижен датум, заеднички работиме на таа цел.

„2030 е амбициозен но достижен датум, заеднички работиме на таа цел.

Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, е заклучокот од работниот состанок со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион.

Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат да живеат во европска и просперитетна држава.

ЕУ веќе има суштински предлози, со таканаречениот план за раст кој вистински ќе ја забрза не само институционалната, туку и економската интеграција.

Целта е да го забрзаме проширувањето и до 2030 да успееме сите да ги исполниме обврските, за да го завршиме обединувањето на Европа и да ја обезбедиме нејзината стабилност и развој.“ – напиша Бојан Маричиќ на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК