Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ за Отворен Балкан: Граѓаните ги поддржуваат сите иницијативи кои даваат конкретни резултати и кои го носат регионот поблиску до ЕУ

„Секоја иницијатива која е од корист на луѓето, без да нанесе штета на никого, треба да биде прифатена и поддржана, се додека се фокусира на практични работи. Долго време се соочуваме со ирационални бариери во нашите земји. Никаде на друго место во Европа не се среќаваме со такви бариери меѓу соседните земји како што правиме ние на Балканот. Сè додека овие иницијативи се практични и носат придобивки, додека остануваат отворени за сите, тие значат напредок без да се формираат сојузи против никого. Напротив, Северна Македонија беше партнерот што инсистираше за одржување на вратите отворени за сите. Верувам дека обичните луѓе, како мене, мислат дека можеме и треба да ги забрзаме нашите напори и да постигнеме уште повеќе. Дури и ако овие иницијативи се дел од Берлинскиот процес, тие се добредојдени. Верувам дека иднината на сите регионални иницијативи треба да води до една заедничка цел: функционален Западен Балкан во регионот и како дел од Европската Унија. Не гледам друга остварлива опција. Затоа, ги поздравувам сите иницијативи кои работат во таа насока и нема даосудувам ниту една акција што носи корист на луѓето“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

ДЕСК

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК