Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ во Тирана говорник на Форумот на граѓанското општество

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе учествува на завршната сесија на Форумот на граѓанското општество, кој годинава се одржува во Тирана, на тема: „Отклучување на напредокот: Европска иднина на Западен Балкан“.
Маричиќ на затворањето на форумот ќе размени идеи и ќе испрати порака од тематската дискусија, „Отклучување на напредокот: Што понатаму?“, на која главен говорник е Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, со кој вицепремиерот ќе оствари билатерална средба.

Форумот за граѓанско општество и тинк тенк 2023, кој се одржува на 14-ти и 15-ти октомври во Тирана, го организира Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан, во соработка со OSF-WB, Грчката фондација за европска и надворешна политика и Институтот за соработка и развој.

Целта на овој форум е да биде клучна платформа за конструктивен дијалог и соработка кои ќе придонесуваат кон унапредување на интересите на Западен Балкан и поттикнување позитивни промени во регионот. Истиот се одржува во пресрет на утрешниот Самит на Берлинскиот процес, на кој Маричиќ ќе биде дел од владината делегација која ќе ја предводи премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

ДЕСК

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК