Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Потребна е силна регионална соработка, Берлинскиот процес отсекогаш бил повеќе од само економија или роаминг

„Што ни е потребно во овој момент? Верувам дека ни е потребна силна регионална соработка бидејќи знаеме дека Берлинскиот процес отсекогаш опфаќал повеќе од само економија, квалификации или роаминг, истакна министерот за европски прашања Бојан Маричиќ на завршната сесија на Форумот на граѓанското општество, кој годинава се одржува во Тирана, на тема „Отклучување на напредокот: Европска иднина на Западен Балкан“.

Тој додаде дека тоа отсекогаш било продолжение на Пактот за стабилност.

„Значи, она што се случи со Пактот за стабилност е следната фаза. Ни треба овој Пакт за стабилност да функционира ефективно, поттикнувајќи ја стабилноста и соработката. Треба да негуваме култура на решавање на нашите разлики на преговарачка маса, а не на бојното поле“, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

ДЕСК

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК