Centar.mk
БИЗНИС

СИЛЕН РАСТ: Цената на нафтата се искачи над 89 долари

Цените на нафтата скокнаа над 89 долари на меѓународните пазари во петокот, откако САД ги воведоа првите казни за сервисирање на руски пратки што ја надминуваат ценовната граница, поттикнувајќи ја загриженоста за снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 3,30 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 89,30 долари. Речиси за истото поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 86,23 долари.

Пазарите беа потресени на крајот на неделата од американските санкции за сопствениците на танкери кои носат руски барели со цени над 60 долари. Ограничувањето на цените беше воспоставено на ниво на групата Г7 со цел да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и индиректно, капацитетот за финансирање на војната во Украина.

Русија е втор по големина производител на нафта во светот и главен извозник, а построгите контроли на САД врз нејзините испораки би можеле да го намалат снабдувањето, стравуваат пазарите.

Можеби ќе ве интересира

Среќна вест за пензионерите – Оваа наша банка ги исплати пензиите уште денес

ДЕСК

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со силен раст и инвестиции

ДЕСК

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

ДЕСК