Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Успешни економски политики, инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст

Соопштение на СДСМ:

Успешните економските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст.

Инфлацијата се намалува и се очекува до крајот на годината да се спушти под 5 отсто, а наредната година да се врати на стапка од 2-3 проценти, како пред кризата.

Истовремено економијата бележи раст. И ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува стапка на раст од 2,5 насто годинава и 3,2 насто за 2024 година.

Според ММФ растот на БДП во земјава ќе биде поголем од Србија, Бугарија и Словенија, како и за 1,8 проценти повисок во однос на просекот на ЕУ,

СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, и заштита на нивниот стандард, како и со мерки и чекори за поттикнување на економскиот раст.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК