Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Назначени нови директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити именуваше нови медицински директори на Клиниката за дерматовенерологија и на Клиниката за кардиологија

На Универзитетската клиника за дерматовенерологија за нов в.д. медицински директор е назначен д-р Дејан Филиповиќ, кој од 2018 година е вработен на оваа клиника како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој, во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, член на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.

Исто така, за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста, долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 година е вработен на Клиниката за кардиологија на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на УК за кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

ДЕСК

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

ДЕСК