Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Извојувавме економски битки преку социјалдемократските политики со кои го штитиме стандардот и го приближуваме кон европскиот

„Извојувавме и економски битки преку социјалдемократските политики со кои го штитиме стандардот и го приближуваме кон европскиот. Нашиот народ тоа многу добро го знае. Во време на три глобални кризи, ковид пандемија, енергетска, економска глобална криза, успешно се справивме и го заштитивме стандардот на граѓаните, го помогнавме компаниите, земјоделците, ранливите.

Тој додаде дека Прилеп и прилепско многу добро го знае тоа, затоа што во кризна година им се обезбеди рекордна откупна цена на тутунот од 290 денари по килограм.

„Но, пред нас почитувани граѓани è уште една битка: македонската држава да стане европска држава! Сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот. Да седиме на големата маса, рамо до рамо со големите европски народи и самите да одлучуваме за себе а не друг да ни крои капа“, потенцираше Ковачевски.
„Членството во ЕУ го зацврстува и унапредува идентитетот. Таков е случајот со сите европски народи. Со членство во ЕУ обезбедуваме трајна заштита на македонскиот идентитет во европски и светски рамки“, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +