Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

12 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово

Во текот на вчерашниот ден (13.10.2023) спроведена е сообраќајна контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 12 возачи. Од нив четири возила биле со неисправен уред за сопирање. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози со парична глоба од 400 евра, а со парични глоби ќе се соочат и фирмите – нивните сопственици.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност навозилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +