17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: „Едно општество за сите“ е заложба на која посветено и гордо работиме

Целосното искористување на потенцијалот на секој граѓанин придонесува кон развојот на државата, добросостојбата на целокупното општество и економското зајакнување и развој. Секој што сака, може и треба да биде вклучен на пазарот на трудот. Ние го донесовме Законот за спречување и заштита од дискриминација, основите на сексуална ориентација и родов идентитет се експлицитно наведени, при што се забранува секаква дискриминација на трансродовите лица во повеќе области, наведени во Законот, меѓу кои и областа на здравство, работни области, образование и други области. Имено, со усвојување на овој закон сите министерства се задолжени да ја хармонизираат својата легислатива со новиот концепт на недискриминација, којшто е хармонизиран со ЕУ директивите и меѓународните стандарди, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Меѓутоа покрај зајакнување на законските регулативи единствен начин за промена на општествената клима е подигање на јавната свест, елиминирање на сите стравови поради водење на погрешни наративи. Секој еден треба да биде економски независен да води достоинствен и индивидуален живот, тоа е човеково право кое не смееме да дозволиме

Често слушаме и за „западни наметнувања“ на вредности, во однос на ЛГБТИ заедницата, кои не се својствени за оваа земја, често од оние кои дискриминираат. Вие како Влада и министерка останувате на вашите заложби за повеќе права на овие граѓани, но дали „држи вода“ тврдењето дека наметнувате туѓи вредности?

Ако го наметнуваме како Влада почитувањето на основните човекови права како тема на јавноста, тогаш сум горда што сум дел од оваа прогресивна Влада. „Едно општество за сите“ е заложба на која посветено и гордо работиме. Почитувањето на човековите права се однесува на сите, не можеме да кажеме дека човековите права се за нас приоритет доколку од нив исклучуваме одредена целна група. Почитувањето на човековите права важи за сите, или за никој.

Зошто не зборуваме за прекумерното користење на технологија и социјални медиуми што предизвикува нарушување на менталното здравје кај младите, зошто не се води дискусија за зголемување на фемицидите и насилството како појава поради промовирање на анти-родовите движења, зошто зборуваме за работи кои се градбени единици на општество каде се задоволни граѓаните, туку тема на дискусија се основните човекови права маскирани под „западни наметнувања“ за поголем притисок за слободно делување на одредени целни групи.

Често зборувате за анти-родовите движења во земјава кои земаат поголем замав во општеството. Од коалицијата за заштита на децата побараа ваша оставка, откако тврдат дека со Предлог-законот за родова еднаквост ќе ги „репрограмирате“ децата во „родово флуидни“. Како ги коментирате овие обвинувања? Дали сме воопшто зрели како општество за овие промени кои ги нудите?

Законот има само една цел – надминување на пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на јавниот и приватниот живот.

Во седмицата кога сите бевме насочени кон активности кои ќе придонесат за повеќе насмевки кај децата. Коалиција за заштита на децата го искористија моментот и на „грбот“ на децата се промовираа во јавноста користејќи анти-родов и извртен наратив кој што нема допирна точка со вистината. Штета што во 21 век сеуште разговараме за тоа дали жените треба или нетреба да уживаат одредени права и штета што поставуваме имиња на организации кои мислиме дека ќе инспирираат кон подобро детство, но единствена цел и работа им е ширење на дезинформации и страв. На сметка на децата, коалицијата си ја остварува сопствената агенда, а таа агенда има само политичка цел и мотив.