Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Помирувањето со Груевски треба да подразбира само понесување одговорност за неговите криминали

Најдоброто помирување ќе биде кога секој ќе одговара за своите криминали и тука нема и не треба да има компромис, за луѓе кои направија сериозни штети на државата, на демократијата, на многу процеси, мора да се сноси одговорност, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека за доброто на државата би се помирил со поранешниот премиер Никола Груевски.

Министерот Спасовски во вечерашното гостување во дневникот на Сител посочи дека единственото помирување помеѓу политичките субјекти мора да се носи врз основа на принципот на одговорност.

-Зависи што е помирувањето, јас сметам дека најдоброто помирување ќе биде кога секој ќе одговара за своите криминали и тука нема и не треба да има компромис, за луѓе кои направија сериозни штети на државата на демократијата на многу процеси во државата и за тоа се водат постапки секако мора да се носи одговорност. За мене помирувањето може да биде само на такви принципиелни основи, помеѓу политичките субјектки, помеѓу политичарите, дециден беше Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК