24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за уставните измени: Ќе се обидеме овој процес да се заврши побрзо, за тоа што не сакаме да прво првите земји од регионот отидат пред нас

„ Гледате, прво ние ќе се обидеме овој процес да се заврши побрзо, за тоа што не сакаме да прво првите земји од регионот отидат пред нас, знаете како ние имаме Албанија, Црна Гора, Србија кој што преговараат и јас не би сакал СМ да се најде во друштво на БИХ и на Косово во делот на преговори со ЕУ со сета почет и кон БИХ и кон Косово меѓу тоа сметам дека земја кој што е лидер во европските интеграции во моментот и земја членка на НАТО треба да биде во друштво на Албанија на ЦГ на Србија во делот на пристапување кон ЕУ а не во друштво на БИХ кој то има елементарни внатрешни прашање за решавање, затоа велам дека ваков процес треба да се заврпи побрзо за да може и побрзо да станеме полноправна членка на ЕУ бидејќи другото изолација, чекање, блокади и на крај пак седнување на маса и размислување како да се заврши процесот а еднаш видовме наместо 2011 година да имавме решение на спорот со Грција се одлагаше и на крај добивме полошо решение“, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањата на новинарите.

„Јас го гледав цело интервју на претседателот Пендаровски, тој имаше теза во однос на уставните измени. Претседателот Пендаровски е докажан евро-Атлантист, учествуваше и во процесот на приклучување на СМ во НАТО и исто така беше дел и самиот кажа во однос на прифаќањето на европскиот предлог за отпочнување на преговорите на СМ со ЕУ. Дека процесот на обезбедување на 2/3 мнозинство се знаеше дека ќе биде тежок, тоа беше јасно, како што беше јасно дека обезбедување на 2/3 мнозинство за преспанскиот договор се знаеше дека ќе биде тешко. Меѓутоа што се потврди на крајот, оние кои беа најгласни против преспанскиот договор, еве еден пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, којшто јас не знам што се не правеше кога се носеше преспанскиот договор, кој само по 3 дена вели тој е реалснот, прифатлив итн. Никој од ВМРО – ДПМНЕ не вели дека ние не сме земја членка на НАТО и никој не вели дека тоа не било добра одлука.Вратете се само 5 години назад па сетете се што се правеа во однос на преспанскиот договор“, потенцираше Ковачевски.

Тој потсети дека само пред 1 година, кога се прифаќаше предлогот на француското претседателство, во Скопје се организираа демонстрации на кои беа палени слики до ставење на гилотини.

„Зошто затоа што МК народ ќе биде асимилиран, затоа што ќе сме го изгубиле МК јазик, затоа што ќе сме го изгубеле МК идентитет и затоа што намело да почнеме преговори. За да денес никој веќе не зборува за тоа. Една и пол година после тоа ние сме Македонци, тие што сме Македонци, Тие што се Албанци се Албанци, Власи – Власи …. итн, никој никому не му зел никаков идентиет. ВторМК јазик е потврден во преговарачката рамка, на преведувачките кабини во Брисел стои МК јазик и целосното законодавство се преведува на МК јазик. Потоа во однос на самиот идентитет ги гледате резолуциите на МК бундестаг, од САД кои доаѓаат во делот на нашата култура. Ние имаме уште поголеми меѓународни етаблирања“, заклучи Ковачевски.