Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Преку гарантираните цени создаваме солидна основа за инфлација од пет проценти до крајот на годината

Преку замрзнувањето на цените на прехранбените производи и нивно намалување, преку обезбедување гарантирана цена, како и со владината одлука за допрецизирање на повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за најголем дел од основните прехранбени производи, создадовме солидна основа за да постигнеме инфлација од 5 проценти до крајот на годината, оценува премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, целта е реална и остварлива.

Потсети дека Северна Македонија има најголема листа на производи со повластена стапка на ДДВ од пет проценти во регионот.

„Носевме и ќе носиме одлуки во согласност со движењата на пазарот и нема да дозволиме никој да профитира на сметка на општото добро во време на криза. Затоа и донесовме мерки за да ги спречиме негативните пазарни трендови. Ќе продолжиме да ги штитиме домашната економија и граѓаните“, порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +