25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
gir
МАКЕДОНИЈА

Гир за уставните измени: Штом се донесат, нема да има дополнителни одлуки

Усвојувањето на уставните измени е прашање кое е во рацете на самата држава и на Собранието и тие кои што се засегнати, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за процесот на промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство.

„Тоа е суверена одлука што треба да се носи, но штом ќе се донесе таква одлука одиме кон следниот чекор што значи дека земјата продолжува да се придвижи напред и нема други дополнителни одлуки кои треба да се носат понатаму“, вели Гир.

Подвлече дека живееме во исклучителни времиња како резултат на руската агресија врз Украина и токму тие случувања, како што додаде, го произведоа ислкучителниот нов моментум во сферата на самото проширување и токму тие околности создадоа можност на земјите, да можат брзо да се движат на нивниот евроинтегративен пат.

Гир се надева дека што поскоро ќе се усвојат уставните измени.

Верува дека местото на Македонија е во ЕУ.

„Позитивно гледам на усвојувањето на уставните амандмани. Истовремено да може земјата да ги имплементира сите реформи, и да може да стане полноправна членка“, истакна Гир.

На прашањето како ја коментира изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски, дека уставните измени треба да се донесат од следниот парламентарен состав, рече дека не може да ги коментира изјавите на различни политичари па дури и изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски.

„Единствено што можам да кажам е дека ние сите искрено се надеваме дека сите овие измени ќе можат да се направат што е можно поскоро за да може оваа земја конечно решително да се движи на нејзиниот евроинтегративен пат“, подвлече Гир.