Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ДОАЃА СТУДЕНА ВОЗДУШНА МАСА, СЛЕДУВА ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Утре и во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот.

Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.

Прогноза за 14.10.2023
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 25°C до 30°C

Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 15.10.2023
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 24°C до 29°C

Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови

Прогноза за 16.10.2023
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Променливо облачно и свежо со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК