Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија да си ја напише домашната и да се придржува кон договорите, порачува германската амбасадорка во Софија

За Северна Македонија ќе биде предност да се приклучи кон Европскиот сојуз, но тие треба да си ја напишат домашната задача, треба да се придржуваат кон договорите, истакна во интервју за бугарски „Бгнес“, германската амбасадорка во Бугарија Ирене Марија Планк.

„Верувам дека Северна Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го прави тоа, што рече дека ќе го направи. Мислам дека и Бугарија е во право што има пријателски пристап. Владата го прави тоа и јас стојам целосно зад тоа“, рече таа.

Амбасадорката на Германија во Софија, во разговорот за „Бгнес“ изјави дека била сведок на напорите на актуелната бугарска влада да одржува пријателски тон со Македонија.

Како што рече – Бугарија овој период се држи до актуелните прашања и не настојува емоционално на преуредување на минатото.

„Мислам дека навистина треба да гледаме во иднината. Бугарија и Северна Македонија се блиски соседи и би било во најдобар интерес на сите да се оди напред“, порачува Планк.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК