Centar.mk
БИЗНИСвест

НИШТО ОД ШТРАЈКОТ: Утре авионите ќе летаат

соопштение на Министерство за транспорт

На денешната средба во Министерството за транспорт и врски се постигна договор за согласност за решавање на барањата кои беа отворени од страна на Синдикатот на М-Нав (ССКЛ).

Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието.

Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието.

Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања.

Министерството за транспорт и врски заедно со менаџментот на М-Нав стои на ставот за спроведување на барањата на Синдикатот.

Можеби ќе ве интересира

МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

ДЕСК

Драстично поевтинува дизелот, но поскапува бензинот – падна одлука во РКЕ

ДЕСК

Граѓаните бараат од институциите да кажат чии се и кои се млечните производи каде наместо 20 отсто масленост најден е само 1%

ДЕСК