Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Граѓаните најдобро ги гледаат цените, Ковачевски да се разбуди од сонот, а од опозиција подобро ќе ги види

Ковачевски или треба да се разбуди од сонот или да ја промени диоптријата затоа што граѓаните најдобро знаат какви се цените, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан за коментар за изјавата на Ковачевски дека има производи на кои цената им е намалена за 40 %.

„Ковачевски можеби треба да ја промени диоптријата, прашајте ги луѓето, направете една анкета, тие најдобро ќе кажат за цените“, рече Мицкоски.

Според него, Ковачевски или блада или сонува или треба да ја промени диоптријата, но од позиција на опозиција не само што ќе ги види цените, туку и ќе ја види сопствената одговорност.

„Јас би го советувал ако сонува, да се разбуди од сонот, а доколку навистина има проблем со диоптријата, можам да му препорачам добар очен лекар и се надевам дека следниот пат подобро ќе ги гледа цените од позиција на опозиција, но тогаш ќе ја види и сопствената одговорност за ова што го правеше овој период“, изјави Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК