Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Каснувања од кучиња скитници пријавени во Куманово, Прилеп и Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишниот Ф.К. од село Свето Митрани, крушевско, пријавил дека на улица „Широк Сокак“ во Битола бил каснат од куче скитник, извести МВР.

Уште два случаи на каснувања од кучиња скитници биле пријавени во Прилеп и еден во Куманово.

– На 09.10.2023 во 22.20 часот во СВР Куманово, Е.И.(46) од Куманово пријавила дека на улица „Никшиќка“ во Куманово била касната од куче скитник. На 09.10.2023 во ОВР Прилеп, М.К.(31) од Прилеп пријавил дека на ул.„Славеј планина“ во Прилеп неговиот татко Г.К. бил каснат од куче скитник. На 09.10.2023 во ОВР Прилеп, И.Т.(45) од Прилеп пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +