Со посебна чест присуствував на Свечена Академија по повод 8 Октомври – Денот на ослободувањето на Крива Паланка – 79 години слободна Крива Паланка.
Во оваа прилика упатувам срдечни честитки до граѓаните на Крива Паланка, до градоначалникот Сашко Митовски и Советот на Општина Крива Паланка, и воедно, изразувам искрена благодарност за 8-мо Октомвриското признание за особени постигнувања и придонес за развој и афирмација на Општина Крива Паланка.
Ова признание има две причини за мене. Едната е дека доаѓа на Денот на ослободување на Крива Паланка, денот кога се негува антифашизмот и слободарскиот дух – вредности кои ги чуваат луѓето токму од кумановско-кривопаланечкиот регион, бидејќи во овој регион се поставени темелите и е создадена современата македонска држава, а благодарение на луѓето кои се бореле и се бората за нашата Македонија.
Втората причина е лична, водевме и водиме многу битки заедно со колегата и мој драг пријател Љупчо Николовски. Кога ја преземавме одговорноста во Владата, прво нешто беше да направиме нешто што не било направено изминатите 50 години. Заеднички чувствувавме дека регионот неоправдано беше запоставен на многу начини, инфраструктурно, културолошки итн. Денеска многу проекти завршивме, голем дел од Буџетот беше насочен токму овде. Заеднички успеавме да докажеме дека е премногу важен регионот и дека со сите сили треба да го чуваме.
Нека живее и се развива Крива Паланка!
Да сте живи и здрави кривопаланчани, да ја чуваме традицијата!,објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.