16.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Анкета на „Фокус“ Нова поделба во ВМРО-ДПМНЕ, дали е на повидок нова политичка опција поддржана од Груевски?

Изминатиот период беше одбележан од внатрепартиската битка помеѓу поранешниот и актуелниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што несомнено предизвикува и поделба на гласачкото тело на оваа партија.

Откако Никола Груевски и Христијан Мицкоски започнаа да се препукуваат во јавноста, започна да слабее рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, но и видлив стана раздорот и можноста за нова политичка опција поддржана од Груевски.

Според последната анкета на „Фокус“, прва по раздорот во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски ужива поголема доверба од Мицкоски, што само ги засилува шпекулациите дека експремиерот би можел да поддржи нов политички субјект кој ќе настапи со сопствени листи на изборите.

Груевски е омилен кај 11,1 отсто од избирачите, додека Мицкоски има поддршка од 10,5 отсто. Дури и шест години по преземањето на претседателското столче во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не успева да го надмине рејтингот на својот претходник.

Од друга страна, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски за неполни две години од почетокот на неговиот политички ангажман станува најпопуларен политичар во земјава. Според анкетата на „Фокус“, Ковачевски има највисок рејтинг помеѓу политичарите што се должи на резултатите од справувањето со економската и енергетската криза.