Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Уникатниот вкус на македонските земјоделски производи, храна и вино нѐ прават ценети во светот

„Уникатниот вкус на македонските земјоделски производи, храна и вино, кои се произведуваат на оваа наша сончева земја, се нешто по кое што сме единствени и високо ценети во светот“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје.

Тој додаде дека изложените производи на саемот се вистинската слика за нашата македонска земја и за нашата традиција.

„Традиционални производи, кои од генерација на генерација се пренесувале, се чувале и се усовршувале. Но, го задржале единствениот наш македонски вкус- вкусот на традицијата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека високиот квалитет на македонската храна е баран, а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци.

„Тоа е резултат на долги години земјоделска, сточарска, лозарска, овоштарска традиција, која посветено се пренесувала од генерација на генерација, тука во срцето на Балканот“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Налети над 60 километри на час, еве каде ќе биде најизразен

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК