Соопштение на ДУИ:
Демократската унија за интеграција со изненадување и неверување ја следи дебатата и кампањата против Законот за игри на среќа и одбраната на монополот.
На кого му пречи и кој го блокира веќе две години Законот за игри на среќа со кој:
– обложувалниците и казината се оддалечувват на 500 метри од нашите деца и училишта;
– се заштитуваат и спречуваат малолетниците од учество во игрите на среќа;
– се зголемуваат приходите во буџетот на државата, преку зголемување на даноците и цената на лиценците со што се помага во културата, спортот, медиумите;
Кој го штити 15-годишниот монопол даден на бугарско-српско-македонската компанија за организирање на игри на среќа, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно?
Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на Законот во корист на казината?
Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат.
Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието.
Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено ваквите криминални монополи.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво, нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!
Нема да не спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас.