19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Следува промена на времето, температурите ќе паднат и до 6 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.

Прогноза за 07.10.2023
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец.

Прогноза за 08.10.2023
Минимална температура: 3°C до 12°C
Максимална температура: 23°C до 31°C

Утрото студено, претпладне сончево со мала облачност, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта во северените делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 09.10.2023
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Умерено облачно, претпладне со умерен до засилен ветер од северен правец.

Спонзорирано: