Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шаќири: Ако децата уште од најрана возраст научат да ги почитуваат различните од себе по религија и култура, нема да има конфликти

Според министерот за образование, Јетон Шаќири, најголемо влијание на меѓусебното разбирање и почитување, вклучително и почитувањето на верските разлики, има токму образованието.

„Ако децата уште од најрана возраст научат дека не сите луѓе се исти, научат да ги почитуваат различните од себе, по религија, култура, државата ќе биде ослободена од грижите дека некогаш ќе се појават внатрешни конфликти меѓу граѓаните, а причина ќе биде токму религијата“ истакна Шаќири на отворањето на „Првата светска конференција за религиски дијалог и соработка“ на која Македонија е домаќин, а се одржува во Струга во организација на Министерството за култура.

„Ние кои ги креираме образовните политики, посветуваме особено внимание на овој аспект. Денес нашите деца имаат предмети посветени исклучиво на запознавањето на религиите. Ги продлабочуваат знаењата за сопствената, но и за останатите религии. Учествуваат во воннаставни активности и проекти кои го развиваат мултикултурализмот и создаваат силни врски помеѓу различните етнички и верски заедници“, рече Шаќири.

„Промените во образовниот систем се стратешки потег, со кој, покрај другите ефекти кои ќе се постигнат од аспект на создавање уште поквалитетни генерации, ценам дека ќе се даде голем придонес во зачувувањето на општествениот мир и хармонија, токму поради подигнувањето на свеста за почитување на различностите“, нагласи министерот.

Посакувајќи успешна конференција, Шаќири ги повика сите учесници да се вклучат во дискусиите во следните денови, бидејќи како што рече, така ќе придонесеме за унапредување на религиската соработка и со тоа кон градењето на светот како подобро место за живеење.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +