Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец по распишани потерници за издржување казна затвор

Околу 13 часот, на улицата Џон Кенеди во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – отсек потраги го лишиле од слобода Х. К. (52) од Скопје.

Тој бил баран по две централни потерници врз основа на наредби на Основниот кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од една година и седум месеци за сторено кривични дела тешка кражба и кражба по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК