Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во скопски Центар, приведен дилер, пронајден кокаин

Вчера, полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија, го лишија од слобода М. Н. (58) од Скопје.

По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, беше извршен претрес во домот и во дополнителни два објекта кај М. Н. на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба, и три дигитални ваги.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК