Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Куманово, пронајдени хероин, кокаин, крек, марихуана

На 4.10.2023, во 21.35 часот, во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово го лишиле од слобода Д. М. (43) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од разни видови дрога.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК