Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Денеска стабилно, од утре дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Утре и во петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата. Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието.

Прогноза за 06.10.2023
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 30°C

Утрото свежо, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Прогноза за 07.10.2023
Минимална температура: 3°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 08.10.2023
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК