Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведени тројца разбојници од Скопје, следува кривична пријава

На 01.10.2023 на подрачјето на Центар полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар ги лишија од слобода А.Т.(20), С.Ѓ.(20) и А.С.(19) сите од Скопје.

Имено, по добиена пријава дека на 12.08.2023 во 01.10 часот на подрачје на Центар со употреба на сила се обиделе да одземат предмети од Ѓ.С. од Скопје, биле преземени мерки и активности од полициските службеници и за осомничените сторители на кривичното дело била распишана потерница.

Во координација со Јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело обид за „разбојништво“, казниво по чл.237 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +