12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук:

 

Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година“.

Македонската култура успеа, Скопје заслужено ја доби престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“ и денес сите заедно треба да сме горди на нашиот главен град.

Одлуката ја соопшти Европската комисија денеска во Брисел, по вчерашната презентација на апликациите на двата града кои беа во потесен избор, меѓу кои и презентацијата на нашата македонска делегација.

Скопје ја доби довербата за организација на годината во која ќе се слават македонската и европската култура, во нашиот главен град и во земјава.

Како Влада и Министерство за култура, пред Европската Унија ги докажавме нашите иницијативи, како и целта кон која се стремевме уште од самите почетоци, за што и говорев при моето обраќање на презентацијата во Брисел.

Им честитам на нашите пријатели од Црна Гора, претставниците од прекрасната медитеранска Будва, градот кој беше во потесниот избор со нас.

Изборот на Скопје за престолнина на културата е голем успех за македонската култура. Честа е огромна, а ние сме подготвени да одговориме на предизвикот.

Во овој капитален проект за секој град и држава од Европа се вложува со години однапред и по завршувањето на годината на манифестација.

Препознавајќи ја суштината, вредноста, но и тежината на титулата „Европска престолнина на културата“, Владата, преку Министерството за култура, се обврза на безрезервна поддршка, и финансиска и кадровска и инфраструктурна. Сите национални установи и институции на културата ќе бидат во служба на „Скопје 2028“.

Скопје радост ти ќе бидеш!