Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Над 20 казни за непрописно управување електричен тротинет во Тетовско, за возрасните глобата е до 80 евра, за децата и нивните родители казната е од 120 евра

Во изминатите два месеца, јули и август, на тетовското подрачје биле изречени над 20 казни на лица што непрописно управувале електрични тротинети, кои најмногу се однесувале на движење по коловоз, а не по велосипедски патеки или тротоари, соопшти СВР Тетово.

На оние што ги управувале тротинетите изготвени им се поднесоци со глоби од 50 до 80 евра во денарска противвредност, а доколку станува збор за деца, предвидена е глоба од 120 евра и за нивните родители.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува сопствениците на електрични тротинети да не се движат по коловоз, да не превезуваат и други лица или предмети, да не ги водат со себе своите миленици додека се движат и така натаму.

Во наредниот период контролите на оваа категорија учесници во сообраќајот значително ќе се засилат дотолку повеќе што тие често предизвикуваат мешаници на пофреквентните улици, особено во вечерните часови кога потешко се забележуваат, соопштија од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +