Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Брда и долини од Груевски и Мицкоски – Свети Николе уште ги памети празните ветувања за 450 вработувања од 2014 година

Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски во сличен стил како и неговиот претходник Никола Груевски, во Свети Николе терајќи кампања ја поздрави администрацијата во општината која макотрпно работела за да обезбеди проект повеќе и најави дека тој како премиер на идната Влада ќе донесел огромни инвестиции во Свети Николе, а за светиниколчани да почувствуваат што значи да се биде пријател на граѓаните.

Но светиниколчани уште не ја заборавиле фабриката за печурки, за која им беа ветени 450 враборувања од тогашниот премиер Груевски, која не само што не се отвори туку и никој не знае што се случи со овој проект, бидејќи излезе и дека инвеститорот бил криминалец.

Гриевски слично како Мицкоски, како предизборно ветување во 2014 година постави камен темелник на фабриката, како што беше тогаш најавено, стануваше збор за холандска инвестиција на „ИД Балкан“ вредна 25 милиони евра, која требаше да отвори 450 работни места во неколку фази. Првата фаза на производство беше најавено дека ќе почне во септември 2014 година, а целосно инвестицијата да биде комплетирана за 4 до 5 години.

Но печуркарата предврме мувлоса, а светиниколчани до денеска не ги добија вработувањата, бидеј инвеститорот на Груевски во Холандија, бил гонет за даночна измама во вредност од околу 10 милиони евра. Државата му запленила фабрика, зграда и приватен авион.

Според пишувањата на медиумите, во 2011 година кога бил недостапен за властите тој пак бил присутен во Македонија и ги договарал бизнисите со Груевски.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК