Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Предлог Законот за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на ЕНЕР. Донесувањето на Закон за дополнување на Законот за јавно обвинителство произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот, соопшти денес Министерството за правда.

Како што стои во соопштението, измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување.

Како што е познато, велат оттаму, Министерството за правда според Законот за судовите врши редовен надзор врз функционалноста на АКМИС во судовите. Министерството за правда по спроведените надзори во судовите, изготвува записници и истите јавно ги објавува на веб страната на Министерството за правда и ги проследува до непосредно повисокиот суд и Судскиот совет на Република Северна Македонија. Исто така, Комисијата изготвува полугодишни извештаи кои се објавуваат на веб страната на Министерството за правда во кои се содржани констатираните состојби во судовите во врска со примена на одредбите од Судскиот деловник и автоматската распределба и прераспределба на предметите во судовите што се врши преку АКМИС.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК