Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

32 санкционирани возачи на мотоцикли, 13 возеле без заштитна кацига

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 32 возачи.

Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола. За време на контролата санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВр и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК