Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе одлука за забрана на акции и промоции на прехранбени и земјоделски производи во трговијата на мало, со цел заштита на граѓаните од манипулации со цените

Владата, на денешната 185. седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука со која им се забранува на трговците што вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалаци, при нивно ставање во промет.

Оваа одлука е донесена во согласност со член 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговијата за нарушување на домашниот пазар. Одлуката е донесена со цел да се спречи злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.

„Со оваа одлука ќе се намалат можни манипулации при ваквиот вид продажба на земјоделски и прехранбени производи, исто така ќе се намали и ќе се спречи нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Одлуката е со цел граѓаните да ја знаат точната и реална цена на производот и да не се доведуваат во заблуда со цените на прехранбените производи. Одлуката ќе се применува до 30 ноември 2023 година“, велат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +