Centar.mk
БИЗНИС

Цените на „црното злато“ продолжуваат да растат: Саудиска Арабија и Русија го продолжија периодот на намалување на производството на сурова нафта

Цените на нафтата денеска пораснаа, бидејќи очекувањата за слаба понуда на овој енергенс до крајот на годината ја неутрализираа загриженоста за инфлацијата.

Меѓународната агенција за енергија соопшти дека Саудиска Арабија и Русија го продолжија намалувањето на производството на сурова нафта од 1,3 милиони барели дневно до крајот на оваа година, што ќе доведе до значителен дефицит на пазарот во текот на четвртиот квартал.

Аналитичарите на Банката на Америка велат дека континуираното намалување на понудата може да ја поттикне цената на нафтата од типот Брент над 100 долари за барел пред крајот на годината.

Референтните цени на нафтата „брент“ поскапеа за 40 центи, на 92,46 долари за барел, додека барел американска нафта WTI поскапе за 41 цент, на 89,25 долари.

Можеби ќе ве интересира

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

ДЕСК

Втора година на врвот: Mozzart најпосакуван работодавач за 2025

ДЕСК

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

ДЕСК