Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криумчар, пронајдени 20 лица мигранти

На 13.09.2023 околу 11.20 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Д.Ц.(44) од Виница. При преглед во товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти (19 од Сирија и 1 од Ирак), меѓу кои четири малолетници.

Имено, тој претходно не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, продолжил со движење и со возилото скршил рампа на наплатната станица, по што скокнал од возилото и го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, Д.Ц. бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле сместени во прифатен центар за странци во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК