Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Николовски: Зголемените цени на производите ги наметнуваат трговците на грбот на граѓаните

„Ние како министерство сме задолжени да ги следиме производните цени на фармите и тие податоци ги доставуваме до Министерството за економија. Ако ги погледнеме тие податоци ќе видиме дека нема зголемување на трошоците кај земјоделците, а високите цени ги наметнуваат трговците на грбот на граѓаните“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Тој додаде дека затоа Владата ќе донесе пакет мерки со кои ќе се ограничат цените на основните прехранбени производи, бидејќи драстична е разликата меѓу растот на цените на светските берзи и во нашите маркети.

„Цените на репро материјалите, производните цени на земјоделците не влијаат на крајната ена на производите“ рече Николовски.

Тој додаде дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат земјоделците за да ги задржат во секторот и да се зголеми производството на храна.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК