Centar.mk
КУЛТУРА

Денови на германскиот филм

Германската амбасада, заедно со Кинотека Скопје, Центарот за Балканска соработка Лоја во Тетово, Europe House во Струмица и Крива Паланка како и Домот на култура во Кавадарци, Ве покануваат на Денови на германскиот филм.

Филмските денови ќе стартуваат на 15 септември во 20:00 часот во Кинотека Скопје со филмот „Следната врата“, црна комедија-драма во режија на познатиот германски актер Даниел Брил.

Целосната програма може да се најде на нашата веб-страна. Филмовите ќе се прикажат на оригинален германски јазик со титлување на македонски и албански.

Цената на влезниците за Кинотеката во Скопје е симболичнa и изнесува 150 денари.
Влезот е бесплатен во останатите градови.

Можеби ќе ве интересира

Свечено доделување на наградата „Оливера Николова“ за 2026 и промоција на победничкиот роман од Ванчо Полазаревски

ДЕСК

Спектакуларно затворање на 54.„Мајски оперски вечери“ со Вердиевото ремек-дело „Набуко“ на 31 мај 2026

ДЕСК

ЕКСКЛУЗИВНО: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти под отворено небо во Битола и Скопје

ДЕСК